Комерцијална банка и East Gate Mall лансираат Инстант шопинг кредит за вистинска слобода во купувањето на самиот почеток од сезоната на празничните попусти.
Инстант кредитот е создаден за едноставно и ефикасно пазарење во East Gate Mall. Кредитот е со максимален износ до 120.000 денари и со рок на отплата до 60 месеци.
Сѐ што посакувате станува достапно затоа што кредитот се одобрува во кус рок, а средствата се префрлаат на специјална картичка. За кредитот се аплицира на Инфо пултот во East Gate Mall, а барањето се обработува веднаш.
Одобрениот износ може да се троши во рок од 15 дена, кога сакате и колку сакате. Ваше е само да уживате во потрагата по омилените брендови во голем број продавници во East Gate Mall.
Повеќе информации на следниот линк.