Откако претходно оваа година Microsoft додаде табови во File Explorer на Windows 11, тие наскоро би можеле да пристигнат и во Notepad. Барем така откри случајно објавен твит кој набрзо беше избришан.
Иако неколку минути подоцна беше избришан твитот со скриншот од новата функција, кој случајно го објави вработен во Microsoft со напомена „Notepad во Windows 11 сега има табови!“, тоа беше доволно веста да се прошири.
Како што е слулчај и кај File Explorer, табовите се наоѓаат на врвот на апликацијата и им овозможуваат на корисниците да отвораат повеќе .txt фајлови истовремено.
Сликата од екранот го содржеше внатрешното предупредување на Microsoft: „Не разговарајте за функциите и не правете скриншоти“, што сугерира дека функцијата сè уште е во рано внатрешно тестирање во Microsoft и може да пристигне во Notepad на почетокот на 2023 година преку програмата Windows Insider, пренесува Windows Central.