Елон Маск кој е сопственик на SpaceX соопшти дека компанијата сега има речиси сто активни сателити што овозможуваат интернет-услуга на Starlink во Иран, три месеци откако преку Twitter најави нивна активација поради тамоните протести.
„Се приближуваме до сто активни Starlink сателити во Иран“, твитна Маск во понеделникот.
Милијардерот во септември изјави дека ќе ги активира сателитите Starlink во Иран како дел од напорите на САД да ја „зголемат слободата на Интернетот и слободниот проток на информации“ за Иранците.
Широкопојасниот интернет обезбеден преку сателити, може да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до Интернет и одредени социјални медиуми.
Исламската република ја зафати бран протести што избувнаа откако 22-годишната Махса Амини која беше уапсен од полицијата поради „несоодветна облека“, почина во полициски притвор во септември.