Honor вчера претстави неколку нови уреди во Кина. Секако ѕвезда на презентацијата беше смартфонот Honor 80 GT, но сепак има и уште некои интересни уреди, меѓу кои е Honor Band 7. Паметната нараквица пристигнува како наследник на Honor Band 6 и не носи некои поголеми надградби.
Најпрвин, Honor Band 7 пристигнува со сличен дизајн на неговиот претходник. Нараквицата има правоаголен екран. и доаѓа со метално куќиште со висок сјај. Кога станува збор за самиот екран, се работи за 1,47-инчен AMOLED екран со 2,5D заоблено стакло.
Нараквицата има голем број функции кои се карактеристични за уред од овој тип. Алката поддржува следење на нивото на кислород во крвта во сите временски услови, следење на отчукувањата на срцето, како и следење на спиењето.
Honor Band 6 има повеќе од 96 спортски режими за следење на различни спортски активности на отворено и на затворено. Од компанијата не го наведуваат капацитетот на батеријата на уредот, но од кинеската компанија изјавија дека батеријата ќе издржи до 14 дена нормално користење и 10 дена доколку корисникот интензивно ја користи.
Паметната алка доаѓа со поддршка за Bluetooth 5.2, поддршка за плаќање, далечинско управување со камерата и контрола за репродукција на музика.
Уредот е достапен во три бои – розова, сина и црна. Цената на паметната нараквица Honor Band 7 во Кина изнесува околу 35 долари. Не се познати детали за меѓународната достапност, но сосема е можно Honor Band 7 да стигне на светскиот пазар следната година.
Honor го претстави новиот член на Honor 80 серијата, моделот 80 GT