Кинески научници пронајдоа траги од вулканска активност од примероци земени од Месечината, објави Nature Astronomy.
При анализа на примероци земени со сондата Chang’e-5, пронајдени се седум минерали, единствени по облик, боја и други одлики. Експертите веруваат дека тие веројатно навлегле во подрачјето на Oceanus Procellarum од друго место и биле исфрлени на површината по удар на астероид.
Натамошното хемиско испитување на честичките покажало дека некои од примероците се од вулканско потекло.
Покрај тоа, имаат нетипичен хемиски состав којшто не се среќава кај другите познати вулкански реголити (хетерогени карпи). Научниците веруваат дека се формирани како резултат на низа вулкански ерупции во минатото.
Во мај, 2022 година, американските научници посочија дека на Месечината веројатно има скриени ледени плочи со огромни резерви вода, создадени како резултат на низа масивни вулкански ерупции кои исфрлале облаци водена пареа.