Американската вселенска агенција NASA презентираше како изгледа зима на Марс и откри колку всушност Црвената планета понекогаш наликува на Земјата.
Во текот на зимата, температурите на Марс паѓаат под нула, а најниската температура има на неговите полови, каде се спушта до 123 степени. Но, ниту еден регион нема дебела снежна покрива.
„Кога би барале локации за скијање, тоа би биле кратерите или врвовите каде може да се наталожи снег поради накосената површина“, смета Силиван Пике, научник од NASA.
На Марс не е можно директно да се набљудуваат снежните врнежи на мраз, но благодарение ан специјализираните инструменти, научниците потврдија постоење на снежни наноси.
NASA за тоа го употребува Марс Р О кој може да „ѕирне“ низ облаци користејќи го инструментот Марс. Со овој инструмент може да се детектира светлина на бранови должни кои не се видливи со човечко око и благодарение на тоа може да „ѕирне“ низ облаци и да ја набљудува површината на Црвената планета.
На Марс постојат два вида снег, од воден мраз и од јаглерод диоксид или сув мраз. Поради ретката атмосфера и ниските температури, сувиот лед сублимира наместо да се топи.
На Земјата, снегулките имаат 6 страни или точки, поради начинот на кој се формираат. Молекулите во кристалите лед се спојуваат во хесагонална структура, распоред што овозможува молекулите на вода најефикасно да се формираат.
Едно од највозбудливите откритија за Марс се случува кога акумулираниот лед преминува од цврста директно во состојба на гас, а тој процес се нарекува сублимација. Во текот на процесот мразот прима чудни форми кои наликуваат на пајаци и слично.