Поради некоја причина досега никој не спровел студија за да се утврди врската помеѓу внесот на сол и вода.
Многу веројатно дека барем еднаш некој ве советувал да не јадете многу солена храна бидејќи подоцна ќе бидете многу жедни. Иако советот е на место, последиците во случај на непридржување до овој совет не се баш такви. Научниците открија дека солта не нѐ прави жедни, туку всушност гладни.
Поради некоја причина досега никој не спровел студија за да се утврди врската помеѓу внесот на сол и вода. Научниците знаат дека зголемувањето на внесот на сол го стимулира производството на урина, па поради тоа просто се претпоставуваше дека вишокот течност е поради внесувањето на вода.
Меѓутоа, истражувачи од Центарот за молекуларна медицина Макс Делбрук, Германскиот аеровселенски центар, Универзитетот Вандербилт и нивни колеги од целиот свет дошле до неочекувано откритие при симулација на пат за Марс, а нивниот труд е објавен во списанието The Journal of Clinical Investigation.
Испитаниците (сите од машки пол) биле поделени во две групи кои биле затворени во имитација на свеленски брод – една 105 дена, а друга 205. Имале идентична исхрана, со тоа што во последната недела добиле поинаков однос на сол во оброците.
Резултатите потврдиле дека вишокот на сол во исхраната го зголемува лачењето на урина, но научниците ги изненадило тоа што испитаниците кои јаделе повеќе сол всушност пиеле помалку вода. Тајната била во уреа, моќен осмлит, коју се врзува за водата и го помага нејзиниот пренос во организмот. Нејзината функција е да му помогне на телото да ја задржи водата, а да се ослободи од солта, откриле научниците. Исто така, овие „астронаути“ повеќе се жалеле на глад отколку на жед.
„Сега сакаме да видиме како овој процес се одразува на црниот дроб, мускулите и бубрезите“, вели професорот Фридрих Луфт, еден од истражувачите.
„Иако не сме го испитувале крвниот притисок и другите аспекти на кардиоваскуларниот систем, јансо е дека сите овие функции се тесно поврзани во одржувањето на нивото на вода во организмот и метаболизмот“.