Апликацијата Waze доби уште една многу корисна функција која ќе ја зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Waze е една од апликациите за навигација која многу луѓе ја претпочитаат за информации за состојбата на патиштата и можните сообраќајни несреќи, а сега во фаза на тестирање е уште една многу корисна функција која ги предупредува корисниците за патиштата каде што се забележани голем број несреќи. Овие информации се собираат врз основа на податоци од заедницата Waze.
Бета верзијата на апликацијата Waze предупредува на блиските патишта кои се ризични кога станува збор за сообраќајни несреќи и ги означува со црвено на картата. Сепак, Geektime пишува дека апликацијата нема да ги означува доколку корисникот често ги користи овие патишта, туку покажува само едно pop-up известување за опасните патишта околу него за да биде повнимателен, но да избегне напнатост.
Функцијата моментлно е во бета верзија, но наскоро ќе пристигне до сите корисници на Waze. Оние кои не ја сакаат, ќе имаат опција да ја исклучат во делот за поставки за известувања.
Ова е една од новите функции што ги доби Waze бидејќи апликацијата е под контрола на групата која исто така го надгледува Google Maps.

