Астрономи од Аризона кон средината на овој месец забележаа астероид што поминал поблиску до Земјата од комуникациските сателити.
Астрономот Тони Дан објави симулација од астероид, односно како би изгледала Земјата набљудувана од оваа вселенска карпа. Астероидот за првпат е забележан кога минал најблиску до Земјата, односно на оддалеченост од 21.000 километри.
Сателитите кружат околу планетата на поголема оддалеченост, односно на 35.786 километри.
Close call. Newly-discovered #asteroid 2022 YO1 passed closer than our geostationary satellites on Saturday. This shortened its orbital period, ensuring more frequent encounters. pic.twitter.com/foY24XNYdu
— Tony Dunn (@tony873004) December 20, 2022
Астероидот е означен како 2022 YO1. Поради близината до Земјата, означен е како NEO (Near Earth Object) и во текот на идните орбити би можел да ја погоди нашата планета.
Во текот на следната орбита може да помине покрај Земјата на оддалеченост од само 5.439 километри и тоа по две години откако е забележан.
Ова е шестиот астероид на листата што беше најблиску до Земјата оваа година.