Кометата која последен пат поминала покрај Земјата во времето кога неандерталците чекореле по неа, како протолуѓе, ќе го направи тоа повторно на 1 февруари 2023 година!
Кометата, која во близина на Земјата последен пат била кога неандерталците шетале по овие простори, повторно се враќа. Станува збор за кометата „C/2022 E3 (ZTF)“, која последен пат била видена пред 50.000 години, а на почетокот на февруари 2022-ра година ќе мине покрај земјата на далечина од 41,8 милиони километри. Моментално кометата е оддалечена од Земјата околу 178 милиони километри.
Иако е прилично стара, кометата официјално е откриена дури во март 2022-ра година, а научниците неодамна ја објавиле и првата фотографија која ја открива неговата зелена боја и жолта опашка составена од прашина.
Астрономите истакнуваат дека кометата, кога ќе минува покрај земјата, ќе биде видлива и со голо око, под услов временските услови на 1-ви февруари тоа да го дозволат.
Тоа воедно ќе биде првата комета која ќе може да се види со голо око по кометата „NEOWISE“ која воодушевила бројни љубители на астрономијата во 2020-та година. И додека „NEOWISE“ зад себе оставила долга опашка, „E3“, истакнуваат астрономите, веројатно ќе биде видлив како сива пруга на ноќното небо.
Но, пред „E3“ да наврати до Земјата, астрономите ќе уживаат во некои други светски појави. Така во 2023-та година започнува и дождот од метеори Квадрантида, кој би требало да биде видлив со голо око. Пикот ќе го достигне на 3-ти и 4-ти јануари, кога ќе биде можно да се видат и до 40 метеори во еден час.
За сите оние кои сакаат да го набљудуваат дождот од метеори, како и кометата „E3“, важат истите правила. Оддалечете се од градските светла, пронајдете мрачно подрачје и овозможете им на своите очи барем 30 минути да се навикнат на ноќното небо. Облечете се топло, удобно сместете се и уживајте во небесниот огномет.