Компанијата Huawei Technologies објави дека излезе од кризниот режим што следуваше по санкциите на САД и пријави раст во бизнисот со телекомуникациската инфраструктура во 2022 година, иако вкупните приходи на компанијата беа речиси непроменети во однос на претходната година (зголемување од 0,02%). Во новогодишната порака до вработените, претседателот на компанијата, Ерик Шу изјави дека „американските санкции се нашата нормала и се враќаме на нашата нормална работа“.
Според него, Huawei очекува да ја заврши годината со приход од 636,9 милијарди јуани (91,5 милијарди долари), што е речиси непроменето во однос на 2021 година. Шу истакна дека основната дејност на компанијата за телекомуникациска опрема пораснала во 2022 година, а намалувањето на претходното доминантниот потрошувачки бизнис се стабилизира. Компанијата не даде податоци за годишната добивка или за успешноста на поединечните оддели.
Според проценките на Bloomberg, во последниот квартал од годината, приходите на Huawei се зголемиле за 7,2% бидејќи компанијата успеала да најде нови извори на приходи во областите, како што се поврзаните автомобили и cloud услугите. Huawei беше активен i во лиценцирањето на своето големо портфолио на патенти, потпишувајќи повеќе од 20 такви договори само оваа година, покривајќи паметни телефони, поврзани автомобили, мрежни технологии и IoT.
Последните финансиски информации покажаа дека приходите на компанијата почнале да се зголемуваат во текот на годината. На пример, во последниот квартал порастот е за 5,5% на годишна основа на 191,1 милијарди јуани, додека во претходниот квартал е забележан раст од 6,5%. Шу посочува дека 2023 година ќе биде клучна, а деловните приоритети вклучуваат одржување на инвестициите во истражувањето, одржување на квалитетот и изнаоѓање нови можности во телекомуникациската опрема.