Apple во моментов има четири модели на своите AirPods слушалки кои уживаат значителна популарност, но во никој случај не се евтини. Сега, аналитичарот Џеф Пу предвидува дека компанијата работи на нов модел AirPods Lite за да се натпреварува со подостапните решенија од другите компании.
Тој го сподели и своето очекување дека побарувачката за AirPods ќе се намали оваа година. Во 2023 година би можеле да бидат испорачани 63 милиони примероци, во однос на 73 милиони во 2022 година. Ова делумно се должи на послабата продажба на AirPods 3 моделот.
Можната цена на идниот Lite модел би изнесувала под 129 долари. За споредба, по дебито на AirPods 3, втората генерација на AirPods чинеше 129 долари. Друга алтернатива би била дополнително намалување на цената на стариот модел. Засега, не е јасно што би се заштедило во однос на функциите на евентуалниот AirPods Lite.