Непосредно пред влезот во 2023 година, Тим Свини објави „новогодишна честитка“ навестувајќи дека Fortnite би можел да се врати на iOS по тригодишно отсуство
Fortnite е без сомнение глобален феномен кој го играат милиони играчи, и без разлика што мислите за него, овој бесплатен battle royale наслов продолжува да привлекува голем број играчи на многу платформи, освен оние кои не се одвојуваат од iOS .
Имено, откако Epic Games пред нешто повеќе од три години воведе алтернативни начини на плаќање на содржината, покрај оние преку официјалниот сервис на Apple, компанијата од Купертино ја забрани понатамошната достапност на Fortnite на нивната платформа. Сепак, играчите на iPhone и другите уреди со iOS можат да го играат преку Xbox Cloud Gaming и GeForce Now, но не преку официјалната продавница на Apple.
— Tim Sweeney (@TimSweeneyEpic) January 1, 2023
Додека тензијата продолжува да се шири низ медиумите и понекогаш имаме можност да слушнеме како едната или другата страна се уште е убедена во исправноста на својата одлука, непосредно пред да влезе во новата 2023 година, шефот на Epic Games, Тим Свини твитна „Следната година на iOS!“, што реално може да значи се, но по неколку часа се надоврза со новогодишна честитка со слика од Fortnite.
Секако, веднаш почнаа шпекулациите за тоа како тоа би можело да се случи, но факт е дека некои опипливи докази за можното остварување на влажните соништа на сопствениците на iOS уреди сè уште не постојат, ниту пак Apple коментираше нешто за тоа. Во секој случај, ќе биде интересно да се види како ќе се реши оваа непријатна ситуација и која страна ќе попушти.
Take your Victory Royale to the Cloud.
Drop into @FortniteGame on your phone, tablet, or PC with Xbox Cloud Gaming (Beta) for free. No install or subscription required: https://t.co/uh6uFw2PgD pic.twitter.com/P5x4NneZmw
— Xbox (@Xbox) May 5, 2022