iPhone 15 Pro и iPhone 15 Ultra би требало да добијат титаниумска рамка, SSD копчиња за регулирање на јачината на звукот и перископ телефото камера.
Apple ќе претстави нови модели на iPhone во втората половина од оваа година, а сега се појави информација дека iPhone 15 и iPhone 15 Plus ќе добијат камера од 48 MP. Ова е главната камера која e дел од iPhone 14 Pro и iProne 14 Pro Max претставени во септемвери минатата година.
Тоа ќе биде значајна промена за следните стандардни iPhone модели, особено ако се земе предвид колку се мали разликите помеѓу iPhone 13 и iPhone 14 бидејќи и двете генерации имаат суштински ист камера хардвер со некои софтверски подобрувања за поновиот модел. Сепак, не треба да се очекува телефото камера и LiDAR сензор во случај на „поевтините“ iPhone уреди. Аналитичарот Џеф Пу ги поткрепува своите тврдења со информации што ги добил од синџирот на снабдување близок до ова прашање.
Главната камера од 48 MP што ја користат iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max е прилично новина во светот на камерите од уредите на Apple, но сигурно ќе стане потпора за идните модели на iPhone и ќе претрпи бројни подобрувања и промени со текот на времето.
Во стандардниот режим на фотографирање, iPhone 14 Pro и Pro Max користат quad-binning технологија за фотографии од 12 MP, што во теорија би требало да значи многу подобра чувствителност на светлина и динамика. Корисникот може да креира и RAW фотографија до 48 MP, што му дава многу простор за обработка и уредување.
Џеф Пу потврди и дека iPhone 15 моделите ќе се префрлат од Lightning приклучок на USB-C порт, што се бара со новиот закон на ЕУ.
Што се однесува до iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max (Ultra), се очекува титаниумска рамка наместо рамка од нерѓосувачки челик, без физички копчиња (SSD копчиња) за регулирање на јачината на звукот. Ќе имаат перископ камера од 12 MP (6x оптички зум) на задната страна, а уредот ќе се напојува со процесорот A17 Bionic на Apple, изграден на 3nm технологија.
Баш како и iPhone 15 Pro и 15 Pro Max, iPhone 15 и 15 Plus се очекуваат во септември оваа година, но со A16 Bionic процесор кој моментно ги покренува iPhone 14 Pro и Pro Max, додека iPhone 15 Pro и iPhone 15 Ultra ќе го добијат A17 Bionic процесорот изграден на подобрената 3nm технологија на TSMC позната како N3E, која носи подобрени перформанси и ефикасност.