Твитер ја отстрани назнаката за тоа на кој тип на уред е лансирана дадената објава. Сепак, оваа функционалност сè уште е достапна како API за други апликации и им овозможува на некои корисници да ја користат.
Така, минатата недела бевме сведоци на уште еден случај, кога профил на голем производител на Android паметни телефони лансираше објава од iPhone. Откако MKBHD го сподели видеото за најдобри смартфони на годината, од OnePlus го прашаа на Twitter како може да ја освојат наградата следната година.
Како резултат на тоа, тој прикажа скриншот, кој покажа дека објавувата е направено преку iPhone, што е показател за тоа каков уред користат оние што го водат профилот на OnePlus.
Respect. I'll DM
— Marques Brownlee (@MKBHD) December 28, 2022