Научниците од Европската вселенска агенција (ESA) и NASA предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и GPS уредите.
Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера.
До крајот на неделата очекуваат аурорални светлосни емисии во средна географска широчина.
Соларната и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (SOXO) регистрираше многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето.
Покрај тоа, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето.