Паметната брава Flex Touch Pro обезбедува дискретна технологија за паметен дом со DIY инсталација од околу 15 минути користејќи едноставни видео инструкции
Еден од поголемите проблеми со додавањето паметни брави е тоа што најчесто треба да ја замените целата постоечка брава со нова. Во некои случаи, тоа не е можно, ако на пример се издава станот и сопственикот не дозволува никаква дополнителна работа на зградата што ја издава.
Бравата доаѓа со три уникатни рамки и поддржува Wi-Fi за далечински пристап, што овозможува да се провери статусот на вратата без разлика каде се наоѓате. Притоа, можно е да се користат Google Home, Amazon Alexa или апликацијата Lockly за да се добие далечински пристап и следење.
Уредот треба да издржи до девет месеци пред да има потреба од нови батерии и поседува IPX4 сертификат за да издржи лоши временски услови, пренесува Digital Trends.
Flex Touch Pro ја користи 3D биометриската технологија на допир на Lockly за да овозможи брз пристап до домот и може да складира до 99 отпечатоци од прсти. Lockly’s Flex Touch Pro се очекува да биде достапен за околу 220 евра во пролетта 2023 година.
Lockly го претстави и Access Touch Pro на CES 2023, што е надградба на сегашниот Flex Touch Fingerprint Deadbolt по очекувана цена од околу 240 евра. Оваа верзија вклучува промена на целата брава, притоа задржувајќи ги сите други функции како пристап до Wi-Fi и друго.