Оперативните системи на Microsoft, Windows 7 и Windows 8.1 од 10 јануари ќе останат без безбедносни надградби и техничка поддршка.
Microsoft Edge 109 е последната верзија на веб-прелистувачот што поддржува застарени оперативни системи, но не е единствениот прелистувач што „крева раце“ од Windows 7 и 8.1. Google уште во октомври минатата година објави дека на 7 февруари оваа година неговиот Chrome ќе ја прекине поддршката за споменатите оперативни системи. Иако и двата прелистувачи ќе работат на уреди што ги користат, клучните безбедносни надградби и новите функции веќе нема да бидат достапни. Поддршката за WebView2, алатка која им овозможува на програмерите да вградуваат веб-базирана содржина во нивните апликации, исто така ќе биде прекината на 10 јануари.
Ова значи дека останува многу малку време за корисниците кои сè уште работат со Windows 7, а ги има околу 100 милиони, да се префрлат на понов оперативен систем или на друг начин да се соочат со безбедносни ризици поради употребата на неподдржан оперативен систем и прелистувач. .
Октомвриското истражување на 27 милиони Windows уреди покажа дека повеќе компјутери користат Windows XP, 7 или 8 отколку Windows 11.
Сепак, треба да се каже дека Microsoft ги извести корисниците навреме, а крајот на поддршката за Windows 7 беше објавен за прв пат во 2020 година. Корисниците кои сè уште ги добиваат надградбите се всушност оние кои платиле за дополнителните три години безбедносни закрпи.