Волтер Канингем, последниот од тројцата астронаути во првата мисија со екипаж од програмата Apollo, почина вчера на 90-годишна возраст, јави американската Национална воздушно-вселенска администрација – NASA.
„Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач, но најмногу од сè – беше истражувач. На Apollo 7, првата Apollo-мисија со екипаж, Волт и неговите колеги од екипажот испишаа историја, отворајќи го патот за генерацијата Artemis што ја имаме денес. NASA секогаш ќе се сеќава на неговиот придонес во вселенската програма на нашата нација и изразува сочувство до семејството Канингем“, истакна администраторот на NASA, Бил Нелсон, во изјавата на агенцијата.
На летот од 1968 година, вселенското летало со тричлениот екипаж орбитирало околу Земјата 11 дена. Покрај Канингем, во екипажот на Apollo 7 биле и астронаутите Валтер Шира и Дон Ајзел. Ајзел почина во 1987., а Шира во 2007 година.