Новите сателитски навигации на Garmin 0 Camper 895 и Camper 1095 доаѓаат со големи екрани и се целосно прилагодени на камперите
Оваа недела, Garmin го прошири својот асортиман со два нови уреди за сателитска навигација со 8 и 10-инчни екрани – Camper 895 и Camper 1095. Како што сугерира името, ова се системи за навигација кои имаат бројни функции за возачите на кампери, вклучително и прилагодување на рутата за поголеми возила и BirdsEye сателитски снимки од паркови за кампери.
Според Garmin, маршрутите може да се приспособат врз основа на големината и тежината на возилото или приколката, така што овие Camper навигации нудат предупредувања за претстојните висини на мостови, ограничувањата на тежината, остри кривини, училишните зони, стрмните нагорнини и многу повеќе. Целата рута може да се испланира преку апликацијата Garmin Drive која дава и некои дополнителни информации како временска прогноза и слично.
Дополнително, навигациите Camper 895 и Camper 1095 се однапред вчитани со информации за патниците, како што се листа на паркови со RV, содржини од ACSI, Campercontact, Trailer’s Park, рејтинзи на Tripadvisor и милиони популарни дестинации од Foursquare. Тука е и зелениот водич на Michelin, кој благодарение на фотографиите, деталните описи и оценките ќе ви предложи каде да застанете на вашето патување.
Со гласовниот асистент на Garmin, сателитската навигација може да се контролира со глас, а повиците се остваруваат преку Bluetooth. Компанијата исто така истакнува дека Camper 895 и Camper 1095 може да се користат со голем број нивни производи и услуги, вклучувајќи ја безжичната резервна камера BC 50 за рикверц и компактната дигитална кутија со прекинувач Garmin PowerSwitch за контрола на електрониката на возилото од 12 волти.
Camper 895 има предложена малопродажна цена од 690 евра, додека Camper 1095 доаѓа со цена од 890 евра.