Уметник од Њујорк кој стои зад Instagram профилот „An Improbable Future“ создава неверојатни ретро-футуристички дизајни, користејќи вештачка интелигенција.
Тој е фокусиран на индустрискиот и транспортниот дизајн, а за своите дела го користи програмот „Midjourney AI“.
Овој програм, како и повеќето популарни AI програми, функционира на основа на претворање на текстот во слика, а делата кои ги создава потсетуваат на атмосферата во филмот Back To The Future.
Уметникот продава и дигитални принтови по цена од 1 до 5 долари. На Инстаграм го следат речиси 130.000 луѓе, а дизајните се навистина впечатливи.
AI апликациите кои на база на зададени параметри потполно самостoјно создаваат слики и други уметнички дела се хит веќе некое време, а остваруваат и пазарни резултати. Портретот на Едмонд де Белами, потполно измислена историска личност, во 2019 година беше продаден за 432.500 долари.