Duet Display е интересно решение кое добро ќе им дојде на сите оние кои сакаат да имаат дополнителен екран, а на бирото им седи неискористен таблет компјутер. Имено, овозможува мобилните телефони и таблет уредите речиси безболно да се претворат во продолжен екран за компјутер со Windows или Mac.
Duet Display е потенцијално многу корисно решение кое примарно им овозможува на мобилните уреди и таблет компјутерите (Android и iOS) да се користат како дополнителен продолжен дисплеј за компјутери со Windows или MacOS. Сепак, може да се користи и за далечински пристап, пресликување на екранот, а на некои ќе им биде корисно што мобилните уреди можат да се претворат во графички таблет за цртање.
Секако, целата работа е дизајнирана да работи со две компоненти, едната мора да биде инсталирана на компјутер, а другата на мобилен уред кој ќе се користи или како дополнителен екран или на друг поддржан начин. Она што го прави Duet Display особено интересен е фактот што целата апликација е навистина лесна за ракување, како и неговите основни можности.
Што се однесува до перформансите, навистина нема посебни замерки, посебно затоа што е најдобро мобилните уреди да се поврзат со компјутерот преку кабел, но треба да се има на ум дека перформансите зависат и од спецификациите на уредите што се користат, како и брзината на безжичната мрежа (ако уредите се користат безжично преку).
Без разлика на сето тоа, Duet Display со текот на времето се наметна како популарно и способно решение од овој тип, но неговите можности и леснотијата на користење имаат своја цена. Така, за основното издание (Duet Air) треба да се плаќа 2,09 евра месечно (се наплаќа цела година однапред), додека поопременото Pro издание е поскапо и чини 2,92 евра месечно.