Xiaomi одржа голем настан во Кина, на кој официјално ја лансираше серијата Redmi Note 12 за светскиот пазар.
Redmi Note 12 пристигнува со 6,67 инчен AMOLED екран со стапка на освежување на екранот од 120 Hz. На задната страна, телефонот има две камери, од кои само една е корисна – главната камера со сензор од 48 MP со PDAF.
Смартфонот го покренува Qualcomm Snapdragon 4 Gen 1 чип и доаѓа во зелена и црна боја и чини околу 175 евра за верзијата со 4/128 GB и околу 200 евра за верзијата со 6/128 GB.
Redmi Note 12 Pro доаѓа со чип Dimensity 1080, главна камера од 50 MP и батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W. Овој уред е достапен во три бои – црна, сина и розова. Цената на телефонот Redmi Note 12 Pro во Индија е 24.999 INR, што е околу 285 евра за верзијата со 6/128 GB, додека најмоќната верзија 8/256 GB чини 27.999 INR, што е околу 320 евра.
Најскапиот член во оваа серија е Redmi Note 12 Pro+. Чини околу 295 евра за почетната верзија со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, додека најмоќната верзија од 12/256 GB чини околу 330 евра.
Овој паметен телефон се одликува со камера сензорот ISOCELL HPX од 200 MP на Samsung, OLED дисплеј и батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 120 W. Достапен е во црна, бела и сина боја.