Според изгледот, овие животни не се разликуваат од обичните, но всушност тие се копии направени во Кина. Само четири компании во светот се занимаваат со комерцијално клонирање, а една од нив е СиноГене.
Во лабораториите, мачки, кучиња, па дури и коњи го почнуваат својот живот во Петриева чаша. Научниците одгледуваат ќелии чија ДНК одговара на прототипот 100 отсто, а потоа ги префрлаат во сурогат мајка која го носи ембрионот. Идните клонирани мачиња обично ги носи мачка, а кученцата – кучка, иако тоа не е нужно.
Во Кина, експерименти со животни не наидуваат на толку остра критика како во Европа, а побарувачката за клонирани миленичиња расте, посебно во текот на карантинот, пишува Еуроњус.
„Разликата со Европа, Америка и Јапонија и понатаму е огромна. Кина има повеќе од милијарда луѓе. а само 100 милиони куќни миленичиња. Гледам остра побарувачка за нив, посебно за мачки. Мислам дека тоа е поради пандемијата“, вели извршниот директор на компанијата СиноГене, Ми Јидонг.
СиноГене бара околу 35.000 евра за клонирање мачка. Клонирањето куќе е поскапо,чини повеќе од 50 илјади евра.Но, компанијата не е заинтересирана само за миленичиња. Во септември 2022 годинакинеските научници клонираа загрозен вид арктички волк. Неговите соматски ќелии се земени од кожата на волчица по име Маја, која живее во Националниот парк Харбин, а ембрионот го носеше куче бигл.
Компанијата сега планира клонирање панди и тигри.