Оваа година на CES 2023 саемот, Samsung прикажа различни нови производи, вклучувајќи ја и новата генерација на својот преносен проектор, The Freestyle. Моделот повторно нуди флексибилност за монтирање на ѕид, таван и маса.
Проекторот вклучува три ласери слични на конкурентските производи. Вградена е Edge Blending технологијата, што овозможува поврзување на два Freestyle 2023 проектори за да се создаде посветла слика во сооднос 21:9 или 16:15. Моделот вклучува оперативен систем кој овозможува инсталирање одредени апликации и работа со нив со допирање на сликата на ѕидот или преку гестови.
Новиот проектор поддржува и автофокус, автоматско прилагодување на сликата и Gaming Hub. Засега нема информации колку ќе чини и кога ќе се појави на пазарот, но очекуваме тоа да се случи во наредните месеци.