Уште од неjзиното лансирање во 2020 година, PlayStation 5 конзолата е прилично недостапна за потрошувачите кои сакаат да ја купат. Постојат многу причини за малата достапност на PlayStation 5, од проблеми со синџирот на снабдување до недостиг на чипови. Сепак, се чини дека на ваквата ситуација конечно и дојде крајот.
PlayStation 5 бележи зголемена достапност во продавниците во последно време, но повторно е далеку од идеална. Сепак, според Sony, недостигот на PlayStation 5 конечно заврши.
Sony учествуваше и на CES 2023 саемот во Лас Вегас. На самиот почеток на презентацијата од страна на извршниот директор и претседател на Sony Interactive Entertainment, Џим Рин беше наведено дека секој што сака да има PlayStation 5, би требало да му биде многу полесно да ја купи конзолата во иднина.
Јапонскиот технолошки гигант објави и дека продал околу 30 милиони копии од PlayStation 5 конзолите. Ова укажува дека Sony успеал да продаде околу пет милиони конзоли заклучно со единаесеттиот месец од 2022 година.
Сепак, конзолата сè уште е без залихи во големите американски трговци на мало како што се Best Buy и GameStop. На другите пазари ширум светот, конзолата се уште е недоволно достапна, но според изјавите на Sony, се очекува тоа да се поправи многу брзо.
Sony објави нови цени за PlayStation 5 за повеќето пазари ова лето. Компанијата го оправда зголемувањето на цената со предизвикувачкото глобално економско опкружување, високата инфлација и валутните предизвици. Цените се зголемени на пазарите во ЕУ, Велика Британија, Јапонија, Кина, Австралија, Мексико и Канада. Двете верзии на PlayStation 5 – PlayStation 5 со Ultra HD Blu-ray диск и PlayStation 5 Digital Edition поскапеа во Европа за 50 евра.