По две години, во кои ситуацијата ќе се нормализира и ќе се врати како што беше по пандемијата, најголеми победници треба да бидат оние кои ќе се занимаваат со иновативни технологии, како што е вештачката интелигенција, вели Сатја Надела за индискиот огранок на CNBC.
Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела даде интервју за индискиот огранок на CNBC, во кое го претстави своето предвидување за блиска иднина, кога станува збор за развојот на ИТ секторот во светот. Главната порака на еден од најважните лидери на технолошкиот свет денес е содржана и во насловот на овој текст – подгответе се, вели Надела, за уште две години „болна борба“, по што повторно треба да следи период на раст.
Краткорочно внимателност, долгорочно оптимизам
Своите причини за ваквото предвидување, шефот на Microsoft ги толкува пред се во однос на изминатиот период на пандемијата. Глобалниот пресврт кон дигитализација во екот на пандемијата значително ја зголеми побарувачката за различни ИТ производи и услуги, но на тој експлозивен раст сега му дојде крајот. Најголемите ИТ компании веќе полека наидуваат на „ладење“ на побарувачката, па почнаа да отпуштаат вработени. Во некои делови од светот веќе се чувствуваат последиците од рецесијата, а таа во наредниот период може да се прошири и на други пазари. Сето тоа, вели Надела, ќе резултира со нормализирање на пазарните услови и смирување на големиот раст од изминатите периоди.
Затоа, следните две години ќе бидат посебно предизвикувачки за сите во информатичката технологија. Ќе биде неопходно да се прилагодиме и да поминеме низ циклус на намалена побарувачка. Од тоа, повторно би требало да се рестартира големиот циклус на раст на технолошката индустрија. Победници во него, според мислењето на Надела, ќе бидат компании кои ќе се занимаваат со напредни и иновативни технологии, како што е вештачката технологија.
AI е следната голема фаза на IT
Надела се осврна и на најголемата тема во оваа област, ChatGPT, за која вели дека е само почеток на новата генерација на вештачка интелигенција. Тој исто така истакна дека Microsoft е многу возбуден поради партнерството со авторите на оваа алатка, организацијата OpenAI. Да потсетиме дека има гласини дека нивниот пребарувач Bing ќе добие помош во моделот на јазикот на вештачката интелигенција, а некои веќе ги прогласија милијардите долари на Microsoft инвестирани во OpenAI како најдобра инвестиција досега.
Надела го спомена и програмирањето со вештачка интелигенција, истакнувајчи дека веќе речиси 40-50% од програмскиот код на Github е создаден со помош на нивниот асистент за вештачка интелигенција, Copilot, што значително ја зголемува продуктивноста на програмерите. „Ако замислите дека програмерите можат да бидат 30 или 40% попродуктивни, тогаш што може да се постигне во другите индустрии“, гласно се запраша Надела и додаде дека многу работни места можат да се трансформираат само благодарение на вештачката интелигенција: „Вештачката интелигенција ќе биде нова парадигма во ИТ, како што беше порано облакот и мобилниот пристап. До тоа ниво на прифатеност ќе дојде во следните две до три години“.
Целото интервју можете да го погледнете подолу.