Оваа година Huawei би требало да ја претстави следната генерација во својата P серија. Веќе има индикации дека сме пред нов дизајн, барем на задната страна на некои или на сите смартфони во претстојната серија,
Фотографиите прикажуваат присуство на тројна главна камера сместена во правоаголен модул и поставена во горниот лев агол. Впечаток остава главниот сензор кој има голем прстен и многу личи на објективите на камерата.
Новите податоци сугерираат дека секој модел би можел да користи комбинација одIMX7 и IMX8 сензорите на Sony. Засега, сепак, нема информации што друго можеме да очекуваме од идните P60 уреди.
Останува да видиме кога ќе се случи премиерата на новата генерација.