Оваа година LG демонстрираше интересни иновации во областа на OLED дисплеите за време на CES 2023 саемот. Компанијата покажа два мобилни концепти, 17-инчен лаптоп/таблет со екран што се преклопува и 8-инчен смартфон со двојно преклопување.
Поголемиот уред има екран каде што браздата е речиси незабележлива. Според компанијата, овој дисплеј е тестиран и може да издржи до 50.000 преклопувања, што покажува дека може да биде доста издржлив.
Другиот концепт изгледа поимпресивно, бидејќи е OLED екранот се преклопува за 360 степени. Во овој случај, се работи за 8-инчен панел кој може да се преклопи во двете насоки. Ова секако отвора повеќе опции за користење на уредите во кои е имплементирана технологијата.
Сè зависи и од можната софтверска поддршка, што е и слаба страна на смартфоните што се преклопуваат. Решението на оваа компанија издржува 200.000 преклопувања, што според компанијата е посилно од некои преклопни уреди кои моментно се наоѓаат на пазарот.