Метаверзумот треба да им обезбеди на навивачите на фудбалскиот клуб Манчестер Сити нов начин за интеракција со другите навивачи, играчи и клубот преку виртуелниот стадион Етихад
Sony и Манчестер Сити ќе спроведат пилот програма за развој на нови форми на дигитални содржини и услуги кои ги интегрираат физичкиот и виртуелниот свет.
Манчестер Сити веќе работеше на развивање технолошки решенија за навивачите на клубот, чиј пример е „паметниот“ навивачки шал која ги следи реакциите на навивачите.
Клубот сега се свртува кон дигитални решенија кои имаат за цел „да создадат глобална онлајн заедница на навивачи, каде што фановите ќе можат да се здружат за да комуницираат со другите навивачи, тимот и да воспостават нови нивоа на врска со клубот во виртуелна рекреација на стадионот Етихад“, се вели во соопштението за медиумите.
Учесниците во метаверзумот треба да можат да креираат свои аватари на нивните паметни телефони. Портпаролот на Sony, Јо Кикучи изјави за The Verge дека „апликацијата“ ќе биде објавена во 2023 година.