Научниците и еколозите ги поздравуваат напорите да се намали озонската дупка и ја сметаат за една од најголемите еколошки победи на човештвото.
Ретки се позитивните вести за планетата, но озонската обвивка на Земјата е на пат целосно да се опорави во рок од неколку децении, бидејќи хемикалиите што ја осиромашуваат озонската обвивка се укинуваат низ целиот свет, според новата проценка поддржана од Обединетите нации.
Озонската обвивка ја штити планетата од штетните ултравиолетови зраци. Но, од доцните 1980-ти години, научниците ја алармираат јавноста за дупка во овој штит, предизвикана од супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, вклучително и хлорофлуоројаглеродите, наречени CFC, кои често се наоѓаат во фрижидери, аеросоли и растворувачи.
Меѓународната соработка помогна да се запре штетата. Употребата на CFC е намалена за 99 отсто откако Монтреалскиот протокол стапи на сила во 1989 година, со што започна постепено укинување на овие и други хемикалии кои штетат на планетата, според проценката на експертската комисија објавена во понеделникот.
Good news from #AMS2023: The ozone layer is on track to recover within four decades.
Press release ➡️ https://t.co/htPbNDJ9VU
Executive summary ➡️ https://t.co/yO6o2dVOd3
Partners 🤝🏽 @UNEP, @NOAA, @NASA, @EU_Commission pic.twitter.com/03FY2TQHPo
— World Meteorological Organization (@WMO) January 9, 2023
Доколку глобалните политики останат на сила, се очекува озонската обвивка да се опорави на нивоата од 1980 година до 2040 година за поголемиот дел од светот, се вели во проценката.
За поларните региони, временската рамка за закрепнување е подолга: до 2045 година над Арктикот и до 2066 година над Антарктикот.