Заедно со планот за интегрирање на ChatGPT во пребарувачот Bing, Microsoft може да го надгради софтверскиот пакет Office со вештачка интелигенција. Не се знае дали се ќе остане само на експеримент.
Microsoft веќе користи различни алатки за вештачка интелигенција во своите апликации и сега наводно експериментира со интегрирање на технологијата за вештачка интелигенција на OpenAI во своите апликации Word, PowerPoint и Outlook, пренесува The Verge.
Непозната верзија на моделот GPT на OpenAI, наводно, веќе е користена за генерирање текст во Word за функцијата Автоматско довршување, како и за подобрување на резултатите од пребарувањето на е-пошта на Outlook.
„Повеќе од една година, инженерите и истражувачите на Microsoft работеа на создавање персонализирани алатки за вештачка интелигенција за составување е-пошта и документи со примена на моделите за машинско учење на OpenAI на приватните податоци на корисниците“, пишува The Information.
За време на експериментите, Microsoft разгледуваше дали овие модели на вештачка интелигенција може да предложат одговори на е-пошта или да препорачаат промени во документите за да се подобри содржината напишана од корисниците на Word.
The future of office work is here! 🤯 Check out how Microsoft's integration of OpenAI's ChatGPT into Office could change the way we work: https://t.co/azKa0EoSZX #AI #MicrosoftOffice #Productivity #Workplace
— AI News Australia (@AiNewsAustralia) January 9, 2023