Во соработка со Sony беа претставени четири различни варијанти на Raspberry Pi Camera Module 3 додатокот со почетна цена од околу 24 евра. Камерата всушност беше првиот официјален додаток за Raspberry Pi.
Користејќи го сензорот IMX708 на Sony со поголема резолуција (4608×2592, 12 MP) и позадинско осветлување, Raspberry Pi воведува поддршка за фотографии со висок динамички опсег.
Модулите се исто така чувствителни како на видлива, така и на инфрацрвена светлина со стандардно или широко видно поле (FoV). За разлика од своите претходници, наместо оптика со фиксен фокус, Camera Module 3 нуди автофокус. Ова треба да овозможи фокусирање на објекти оддалечени само 5 см.
Камерата Raspberry Pi поддржува и заменливи објективи во согласност со стандардите C- и CS. Дополнително, тие нудат и верзија на камерата со нативен M12 носач што ја елиминира потребата од адаптер и поддржува многу поширок опсег на леќи поради зголемената флексибилност на задниот фокус.
Camera Module 3 е компатибилен со сите Raspberry Pi компјутери со CSI приклучоци, освен Raspberry Pi 400 и 2016 Zero верзијата, се наведува во објавата.