Се очекува дека следниот флегшип паметен телефон на Xiaomi ќе вклучува Leica технологии, Snapdragon 8 Gen2 чипсет и екран со Quad HD+ резолуција. Сега, новите податоци сугерираат дека уредот ќе биде претставен во февруари, што значи дека наскоро ќе има повеќе податоци поврзани со него.
Февруари значи дека компанијата би можела да го објави телефонот или серијата за време на мобилниот конгрес во Барселона на крајот на месецот. Можно е да се работи за меѓународната премиера на Xiaomi 13 серијата, која веќе дебитираше во Кина.
Покрај тоа, компанијата работи и на наследник на таблетот Pad 5. Станува збор за два модели, Pad 6 и Pad 6 Pro, од кои првиот ќе користи чипсет Snapdragon 870.
Xiaomi 6 Pro, пак, ќе има Snapdragon 8+ Gen 1 чип и AMOLED екран со резолуција од 1880 x 2880 и фреквенција од 120 херци. Меѓу останатите параметри ќе биде и систем од четири звучници и двојна камера. Можно е овој модел да е ексклузивен само за Кина.