Apple објави информации за својата App Store продавница, наведувајќи дека од 2008 година компанијата платила рекордни 320 милијарди долари (минус провизијата на Apple) на програмерите на апликации.
И покрај предизвиците околу антимонополската усогласеност во многу држави, бизнисот со App Store на Apple продолжува да расте, според нивната најнова објава.
Apple наведува дека повеќе од 650 милиони посетители од 175 региони ширум светот ја посетуваат App Store секоја недела. Компанијата истакнува дека се гордее со својот опсег на апликации кои секогаш им обезбедуваат на корисниците нови искуства.
Иако 320 милијарди долари изгледаат како значителна бројка, тие сепак „претставуваат само дел од вкупната трговија овозможена од екосистемот на апликации“, според Apple. (Вкупниот приход на Apple во тој период беше изнесува 3,5 трилиони долари.)
Еден од најважните настани на App Store беше лансирањето на апликацијата Apex Legends за паметни телефони и нова форма на социјално вмрежување со BeReal, „апликацијата на годината“ на Apple, пренесува TechCrunch.
Apple објави и статистички податоци за други услуги како Apple Music, Apple Arcade, Shazam, Apple TV+ и други кои не се ништо помалку импресивни.
App Store developers have earned $320 billion to date, says Apple https://t.co/brMCzp6c2e by @sarahintampa
— TechCrunch (@TechCrunch) January 10, 2023