Со години, постојат бројни модели на паметни телефони кои користат скенери за отпечатоци под самиот екран. Некои Android смартфони имаат дури и селфи камери под панелот.
Сега се чини дека Apple планира да воведе 3D сензори за препознавање лице под екранот како попогоден метод за авторизација. Според The Elec, таков систем ќе може да се види кај Pro моделите од идната iPhone 16 серија, која се очекува следната година.
Не е јасно дали селфи камерата ќе биде под панелот или сè уште сместена во отвор. Во првиот случај, екранот ќе би бил без никакви ограничувања во форма на засек или отвор. Сепак, постои можност оваа одлука да биде воведена во подоцнежната фаза.