Huawei P50 серијата смартфони е прилично стара бидејќи беше претставена во август 2021 година, а сега на пазарот ќе пристигне нов предводник од P серијатa.
Извештаите велат дека Huawei ќе ги претстави моделите P60 и P60 Pro во март оваа година и дека тие ќе имаат подобрени камери, подобри екрани и поголеми батерии.
P60 Pro ќе добие 6,6-инчен OLED екран со резолуција од 1.440 x 3.200 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. За споредба, P50 Pro имаше екран со резолуција од 1.228 x 2.700 пиксели. Панелот ќе го произведува компанијата BOE, а во отворот во форма на punch hole ќе биде сместена селфи камера од 32 MP.
Задниот дел ќе има главна камера од 50 MP (нов сензор IMX888), како и ултраширока камера од 50 MP (веројатно IMX858). Ним ќе им се придружи телефото камера од 64 MP (OmniVision OV64B).
Стандардниот P60 ќе добие малку поинакво поставување, имено главна камера од 52 MP (IMX789), ултраширока камера од 50 MP (IMX858) и телефото камера од 16 MP (се очекува IMX351).
Камерите на двата уреди ќе се базираат на системот XMAGE на Huawei, а варијанбилниот отвор на бленда што го има Mate 50 Pro ќе се користи и кај новите телефони.
P60 Pro ќе го покренува 4G верзијата на процесорот Snapdragon 8+ Gen 1, додека ќе се напојува од батерија од 5.500 mAh со поддршка за жично полнење од 100 W и безжично полнење од 50 W. За споредба, P50 Pro имаше Snapdragon 888 4G процесор и батерија од 4.360 mAh која поддржуваше полнење од 66W/50W.
P60 серијата се очекува да усвои некои карактеристики од Mate 50 серијата, како што е калено стакло Kunlun за екранот и IP68 отпорност на вода и прашина, а би требало да поддржува сателитска комуникација и да го користи BeiDou констелацијата (можна ограничена поддршка надвор од Кина).
Huawei сè уште не го потврди официјалниот датум на лансирање на P60 серијата, но познато е дека настанот ќе се одржи во март.