Традиционално, Samsung во последните години нуди три уреди во флегшип Galaxy S серијата – стандарден, Plus и Ultra модел. Сепак, ова може да се промени следната година, објави корејското издание The Elec. Според него, можно е Samsung да го прескокне Galaxy S24 Plus и наместо тоа да ги објави само Galaxy S24 и S24 Ultra.
Според изворите на сајтот, компанијата се подготвува да го направи овој потег, преиспитувајќи ги своите планови да ја реорганизира серијата во два уреди. Според The Elec, во Samsung моментно се поставени два проекти за Galaxy S24 серијата- DM1 и DM3, но не и DM2, иако првично беа планирани три производи. Оваа одлука можеби е предизвикана од стагнацијата на пазарот на паметни телефони и послабата побарувачка за модели од средна класа.
Според GfK, минатата година вкупната продажба на Galaxy S22 серијата изнесуваше 31,5 милиони примероци, од кои 11,9 милиони (38%) биле за S22, 5,5 милиони (17%) за S23 Plus и 14,1 милиони примероци (45%) за S22 Ultra. Во исто време, SamMobile тврди дека информациите на The Elec се погрешни бидејќи DM е всушност кодното име за серијата Galaxy S23, која очигледно ќе има три модели.
Заедно со ова, корејското издание открива дека Samsung сака да го намали бројот на модели во Galaxy A серијата. The Elec пишува дека сериите Galaxy A1, A3 и A5 ќе продолжат, но компанијата ќе се откаже од Galaxy A2. Со намалување на понудените модели, Samsung може да го подобри профитот со намалување на трошоците за развој на производи. Во исто време, се очекува компанијата да го врати подостапниот Galaxy FE модел за подобро да се соочи со конкуренцијата во овој сегмент.