Со оглед на тоа што Microsoft 365 Basic ја менува досегашната услуга OneDrive од 100 GB, постоечките корисници автоматски ќе бидат надградени на Microsoft 365 Basic по истата месечна цена.
Првично, Microsoft 365 Basic ќе вклучува безбедна е-пошта без реклами со Outlook, како и 100 GB простор во облак. Подоцна во 2023 година ќе пристигне и враќањето на фајловите од ransomware и можноста за споделување врски линкови со лозинка во OneDrive. Сето тоа по цена од околу 1,85 евра месечно, објави Microsoft.
Microsoft 365 Basic не вклучува пристап до десктоп верзиите на Word, Excel и PowerPoint, како што е случајот со Microsoft 365 Personal и Family. Наместо тоа, основните претплатници ќе мора да користат веб или мобилни верзии на тие програми.
Microsoft 365 во својата основна форма може да се користи и бесплатно. Во овој случај, добивате 5 GB простор за складирање фајлови во облак и веб-верзии на пакетот Office, кој вклучува Word, Excel, PowerPoint, OneNote, Outlook и други.
Цените на понапредните Microsoft 365 Personal и Family пакети не се променети и се исти веќе 10 години, истакнуваат од Microsoft.
10 years of innovation. 10 years of productivity. 10 years of Microsoft 365. Celebrate with us and see just how far we’ve come:https://t.co/qkBP3BZKhc
— Microsoft 365 (@Microsoft365) January 11, 2023