Со отстранувањето на Mini моделот во својата нова серија iPhone 14, Apple покажува дека ќе се фокусира главно на големите екрани. Ова е очигледно и со iPhone 14 Pro Max моделот кој поседува екран со дијагонала од 6,7 инчи.
Користењето телефон со толку голем дисплеј секако има свои предности, особено кога гледате видео содржини и играте игри. Сепак, има и недостаток, односно тешкотијата за пишување со една рака.
Ако ова е случај со вас, постои брз лек кој ќе ви помогне. Станува збор за вградената тастатура за работа со една рака, која е прилично лесна за активирање.
За да го направите ова, држете ја иконата во форма на глобус или емотикони на тастатурата. Потоа, во отворениот дијалог, избирате да ја намалите тастатурата налево или надесно во зависност од тоа со која рака пишувате. Овој режим останува активен до префрлањето на друг или додека не се вратите во основниот режим.