Доколку го пролонгиравте купувањето на нов MacBook Pro во очекување на освежените варијанти од 14 и 16 инчи со најновите чипови на компанијата, немате среќа. Новите податоци од синџирот на снабдување со компоненти сугерираат дека новите MacBook Pro лаптопи со M2 Pro и M2 Max процесори ќе дебитираат дури во јуни.
Потсетуваме дека претходните очекувања беа новите модели да се појават наесен минатата година или на почетокот на 2023 година. Секако, засега се работи само за гласини и ништо не е сигурно, бидејќи Apple сепак може да изненади со премиера во март.
DigiTimes забележува дека испораките на MacBook се очекува да се намалат помеѓу 40 и 50 проценти овој квартал во споредба со претходниот квартал. Вообичаено, овој пад изнесува до 20 отсто.