Културата на постојана вклученост и уреди кои ветуваат изобилство информации и забава го подобруваат нашето расположение, но не спречуваат да откриеме позначајни работи
Со оглед на тоа што социјалните мрежи нудат постојан проток на информации, забава и муабет, никогаш не било полесно да се привлече вниманието на луѓето и да се извлечат од здодевното секојдневие. Но, истражувачите од Универзитетот во Бат и Колеџот Тринити во Даблин се запрашаа дали ова е навистина добра работа и ги објавија своите наоди во списанието Marketing Theory.