Се чини дека компанијата IKEA подготвува нов паметен домашен уред кој го следи квалитетот на воздухот. Станува збор за моделот VINDSTYRKA, чии фотографии се појавија на интернет минатата недела.
Уредот очигледно ќе се поврзе со центарот DIRIGERA и така ќе биде возможна автоматска контрола на паметните прочистувачи на воздух. Овој центар е компатибилен и со стандардот Matter, што ќе овозможи уште повеќе можности во иднина.
VINSTYRKA има дисплеј што прикажува информации како што се нивоата на PM2.5 честички и соодветните индикации во зелена, жолта или црвена боја. Може да ја мери и температурата и влажноста на воздухот.
Засега, се разбира, податоците не се официјални, но се чини дека наскоро може да ја очекуваме премиерата.