Оваа година, Lenovo ја обновува својата серија на ThinkBook преносни компјутери со два нови модели. Меѓу нив е и ThinkBook 16p Gen 4, кој вклучува уникатна карактеристика. Станува збор за можноста за додавање модуларни додатоци.
Ова се прави преку магнетни иглички на горниот дел од екранот што овозможуваат прикачување на уреди од линијата. Тие вклучуваат безжична 4K камера, осветлување и LTE модул за поврзување.
Меѓу главните карактеристики на моделот се IPS екран со дијагонала од 16 инчи и опција за резолуција од 3,2K, стапка на освежување од 120 херци, осветленост од 400 нита и поддршка за Dolby Vision. Лаптопот користи до 13-та генерација Intel Core H процесор со опционална графичка картичка NVIDIA GeForce RTX 4060.
Достапни се до 32 GB DDR5 RAM, 2 TB SSD и батерија од 80 Whr со брзо полнење. Од портовите има 2 x USB-A, 2 x USB-C, HDMI, SD слот и 3,5 mm приклучок. Безжичната конекција вклучува Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.1, а моделот има и Full HD веб-камера со механичка бленда и IR опција.
Друг нов додаток во линијата ThinkBook е ThinkBook Plus, кој вклучува втор e-ink екран кој овозможува напредна функционалност. Главниот дисплеј е OLED со дијагонала од 13,3 инчи и резолуција од 2,8К, а може да се ротира и да се користи вториот панел од 12 инчи.
Ова овозможува поголема удобност при продолжено пишување или читање. Исто така, постигнува продолжено траење на батеријата до 18 месеци со едно полнење во режимот e-Ink.
ThinkBook 16p Gen 4 се очекува во мај со цени почнувајќи од 1.349 долари, а ThinkBook Plus Twist во јуни за 1.649 долари.