Серијата Walkman на Sony е сè уште жива, а компанијата прилично редовно објавува нови модели во неа. Најновите NW-WM1ZM2 и NW-WM1AM2, во никој случај не се евтини, со врвни компоненти и нудат врвно звучно искуство.
Сега компанијата има и поприфатлив модел – NW-A306, кој работи со Android 12. Цената на моделот изнесува 400 евра, поддржува звук со квалитет на ЦД преку DSEE (Digital Sound Enhancement Engine) Ultimate технологија со вештачка интелигенција.
Преку ова решение се подигнува квалитетот на компресираните музички фајлови, а Sony ветува дека ќе има понатамошен развој во оваа насока. Висококвалитетниот звук е поддржан и кога се достапни соодветните безжични слушалки.
NW-A306 нуди 3,6-инчен екран на допир и физички копчиња, а вклучува и дигитален засилувач S-Master HX. Моделот е компактен и тежи само 113 g, а внатрешните спојки содржат злато за подобрување на квалитетот на сигналот. Исто така се заснова на алуминиумска рамка.
Едно полнење на батеријата поддржува до 26 часа репродукција на музика при стриминг или до 36 часа за FLAC-фајлови од 44,1 KHz. Вградената меморија е 32 GB.

