Минатиот месец имаше поплаки од корисниците iPhone 14 Pro и 14 Pro Max, за појавување на линии на екраните при вклучување на уредите. Сега, информациите од порталот MacRumors покажуваат дека компанијата е свесна за оваа грешка и подготвува поправка за да ги отстрани проблемите.
Добра вест е дека се работи за софтверски проблем што се чини дека лесно се поправа. Потврдено е и дека се јавува само кога телефоните се вклучени или отклучени.
Сè уште не е јасно кога може да се појави софтверската поправка. Сепак, важно е компанијата да подготви такво решение и да нема хардверски дефект што би ја влошил ситуацијата.