Според корејскиот веб-сајт Naver, новата генерација на големиот телефон на преклопување Samsung Galaxy Z Fold5 конечно ќе има сериозна промена кога станува збор за дизајнот на шаркata. Тоа е механизам што му овозможува на екранот да формира облик на солза кога е склопен, со што од екранот се бара да направи поблаго закривување, а потоа и засекот во средина е помалку видлив.
Овој систем го користат Oppo Find N и Motorola Razr 2022, кај кои таа бразда во средината е многу помалку видлива.
Samsung првично ја патентираше шарката во облик на капка во 2016 година, но не е познато зошто досега не одлучи да ја користи. Се шпекулира дека Samsung сакал да ја почека IPX8 водоотпорноста пред да направи промени од овој тип. Од третата генерација на своите преклопни телефони, Samsung користи специјална заптивна маса на подвижните елементи и отворите, за да им овозможи на нивните телефони со преклопни екрани да бидат единствени во светот кои имаат IPX8 водоотпорност.
Според патентот за шарки на Samsung, покрај посуптилниот засек на средина, новиот механизам треба да овозможи затворање на двете половини од телефонот, со што ќе се елиминира празнината меѓу нив, што е карактеристично за сите претходни модели на Fold и Flip. Samsung го правдаше тоа со фактот дека ова растојание овозможува да се избегнат гребнатини и оштетувања на екранот во случај да падне прашина или нечистотија помеѓу двете половини.
Иако до лансирањето на Samsung Galaxy Z Fold5 моделот не можеме да тврдиме дали Samsung навистина ќе го промени дизајнот на шарките на новиот телефон, ова е добредојдена промена која е неопходна за Fold и Flip сериите, кои во последните две години се фокусираа повеќе на суптилни отколку на револуционерни подобрувања. Во меѓувреме, на 1. февруари не очекува Galaxy Unpacked настанот, кој со нетрпение го очекуваме, на кој компанијата ќе ја претстави својата премиум Galaxy S23 серија паметни телефони, кои не се преклопуваат.
Повеќе фотографии ја прикажуваат Galaxy S23 серијата во детали