Најновата генерација на Red Magic смартфони се појави во Кина пред крајот на 2022 година, а сега неколку недели подоцна, на светскиот пазар пристигнува и серијата 8.
За глобалното лансирање е направена мала промена на брендирањето, така што нема Pro+ модел, туку сега постои Void. Основниот Red Magic 8 Pro е наречен Matte поради неговата текстурана, непроѕирна задна плоча. Овој модел има 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, исто како и Pro моделот во Кина.
Вториот модел се вика Void и е сличен на моделот Pro+, има 16 GB RAM и 512 GB простор за складирање, но сепак има одредени разлики.
Двата модела се напојуваат со батерии од 6.000 mAh кои поддржуваат полнење од 65 W. За споредба, Red Magic 8 Pro, кој се продава во Кина, има ист капацитет на батеријата, но поддржува полнење од 80 W. Тоа значи дека ќе се полни од 0 до 100 проценти за 35 минути кај кинескиот модел или 43 минути кај глобалниот модел. Pro+ на кинескиот пазар има батерија од 5.000 mAh со побрзо полнење од 165 W, која нема да биде достапна на светскиот пазар.
Што се однесува до спецификациите, Red Magic 8 Pro доби 6,9-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.116 x 2.480 пиксели и брзина на освежување од 120Hz, додека стапката на семплирање на допир изнесува 960Hz. Предната камера од 16 MP е „скриена“ под екранот и е втора генерација на UDC технологија. Уредот има и два дела осетливи на допир со touch sampling rate од 520Hz.
Уредот го покренува процесор Snapdragon 8 Gen 2 поврзан со LPDDR5X RAM и UFS 4.0 меморија. Процесорот се лади со ICE 11 систем кој комбинира нови материјали за подобрен пренос на топлина и подобрен вентилатор (20.000 вртежи во минута) кој е редизајниран за да го подобри протокот на воздух и да ја намали бучавата. Cube Performance Optimizer обезбедува стабилна брзина на кадри за време на играњето, односно ниска потрошувачка на енергија кога уредот не се користи за гејминг.
Смартфонот има стерео звучници и двојни линеарни мотори, како и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки. Безжичниот систем е подготвен за Wi-Fi 7 (4×4 MIMO), а уредот има и девет антени за 5G мрежата. Главната камера е подобрена, и се работи за сензор на Samsung од 50 MP GN5, опкружен со ултра широка камера од 8 MP.
Void има проѕирен панел како Pro+, а изгледот е инспириран од боите на галаксиите во вселената. Боите ќе ги управува активен вентилатор за ладење со RGB осветлување. Matte верзијата има и RGB LED осветлување, кое сепак е сместено во линија бидејќи вентилаторот не се гледа. Што се однесува до цените, Matte чини 650, а Void 750 евра.