Корисниците кои имаат Stadia контролер ќе можат од следната недела да го поврзат со други уреди преку Bluetooth
Google сервисот за стриминг на видео-игри во облак, Stadia се гаси за само неколку дена. И покрај ова, Google објави дека ќе издаде алатка која ќе му овозможи на Stadia контролерот да се поврзе со други уреди преку Bluetooth.
„Следната недела ќе објавиме алатка за самопослужување за да овозможиме Bluetooth врска на вашиот Stadia контролер. Ќе споделиме детали по објавувањето на алатката“, беше објавено на Twitter.
We've also got Bluetooth news: next week we'll be releasing a self-serve tool to enable Bluetooth connections on your Stadia Controller.
We'll share details here on release. pic.twitter.com/6vYomngfmA
— Stadia ☁️🎮 (@GoogleStadia) January 13, 2023
Имено, функцијата за поврзување на контролерот со другите уреди преку Bluetooth беше оневозможена во фирмверот. Кога конечно ќе стане достапна, корисниците ќе можат да го користат контролерот на Stadia со различни уреди, така што нема да „собира прашина“ по гаснењето на целата услуга на 18 јануари 2023 година.
За потсетување, корисниците кои купиле Stadia хардвер ќе добијат рефундирање автоматски преку продавниците на Google и Stadia и ќе можат да го задржат. Оние кои плаќаат Stadia Pro претплата нема да можат да добијат рефундирање на парите.