TAG Heuer Connected Caliber E4 Серијата паметни часовници беше претставена минатата година, а компанијата сега додаде уште три члена во семејството.
Како што можеше да се очекува, часовниците се скапи, а опцијата од 42 мм е „најповолна“ со цена од 2.350 долари. Оваа верзија е помала од оригиналот и има екран од 1,28 инчи со панел без рамка, кој е заштитен со сафирно стаклена купола. Сепак, и натаму се работи за OLED екран со резолуција од 416 x 416 пиксели.
Куќиштето е изработено од титаниум, има црна боја и всушност е најлесниот часовник од компанијата TAG Heuer.
Моделот Golf Edition (42 mm) го има истото куќиште, но е поскап со цена од 2.500 долари. Доаѓа со три брендирани топчиња за голф и два пара нараквици. Едниот е направен од говедска кожа со зелен конец, додека другиот е всушност бела гумена нараквица.
Часовникот „подржува“ 40.000 терени за голф ширум светот, така што овозможува автоматско следење без рачно внесување. Часовникот може да го следи резултатот, изборот на клубови и локацијата на теренот за голф.
Caliber E4 Sports Edition е најскапиот од нив и чини 2600 долари, но е и најголем. Големината изнесува 45 mm, има керамичка рамка околу OLED екранот од 1,39 инчи со резолуција од 454 x 454 пиксели, како и перфорирана гумена нараквица погодна за спортисти.
Во однос на софтверот, Sport Edition има функција Trail & Hiking која користи барометар и ги оценува перформансите на еко-корисникот.
Продажбата започнува овој месец со ветување дека тие часовниците ќе бидат надградени на Wear OS 3 кога ќе биде достапен.